„Билборд“ откри дека жена на годината за 2017 година е Селена Гомез. Таа ова признание ќе го добие на крајот на месецот на специјална церемонија.
24-годишната Селена своевремено беше ѕвезда на „Дизни“, а денес веќе е жена на годината. Причината за изборот е голема, велат од „Билборд“: Селена сними нов албум, започна турнеја која ја прекина заради итна трансплантација на бубрегот, но и фактот што е идол на многу млади девојки.