На официјалната фејсбук-страница на јавното претпријатие “Водовод и канализација” беше објавено соопштение дека заради дефект на улицата “Инди Раганди” водоснабдувањето ќе биде во прекин до санирање на дефектот.
Дел од граѓаните што ја видоа објавата веднаш искоментираа дека станува збор за Индира Ганди, единствната жена премиер на Индија и дека тој што ја напишал објавата би требал да поработи на својата писменост.