Слободан Праљак, кој вчера се самоуби додека судот во Хаг му ја читаше пресудата од 20 години затвор, никогаш немал намера да стане војник.
Како што пишува Дневник.хр, Праљак бил интелектуалец, уметник и креативец, а имал дипломи од три факултети. Пред војната воопшто не бил заинтересиран за војска и за воени активности.
Како уметник најмногу се посветил на телевизиски серии и филмови, а во војска до израз дошла неговата остроумност.
Порталот пишува дека тој бил женет со муслиманка. Таа во бракот ги донела своите две мали деца, а тој ги прифатил како свои, им го дал презимето и целото наследство.
Тој вчера испи отров додека му ја читаа пресудата, а последни зборови му беа дека не бил воен злосторник и убиец.