Српската пејачка Гоца Тржан во интервју за емисијата „Сцена“ рекла дека сопругот Раша Новаковиќ ја убедува да пробаат дрога. Според пејачката, нејзиниот сопруг сака да одат во Амстердам, а пејачката тврди дека ѝ е тешко да го одбие.
„Маж ми ме убедува да пробаме, зашто гледам дека на луѓето им е баш убаво кога ќе се издрогираат. Јас во животот немам испиено чашка алкохол, не сум тој тип. Ама, Раша ме тера да одиме во Амстердам и да пробаме печурки и колачи со марихуана“, рекла Гоца и додала дека сепак би сакала да му ја исполни желбата.
„Морам еднаш да попуштам и целосно да ја изгубам контролата. Јас мислам дека сум се родила дрогирана и дека нема да ми биде ништо. Луда сум како коњ, тешко дека ќе ми биде нешто од дрогата“, рекла пејачката.