Гоца Тржан: „Маж ми ме тера да пробаме дрога“

Српската пејачка Гоца Тржан во интервју за емисијата „Сцена“ рекла дека сопругот Раша Новаковиќ ја убедува да пробаат дрога. Според пејачката, нејзиниот сопруг сака да одат во Амстердам, а пејачката тврди дека ѝ е тешко да го одбие.

„Маж ми ме убедува да пробаме, зашто гледам дека на луѓето им е баш убаво кога ќе се издрогираат. Јас во животот немам испиено чашка алкохол, не  сум тој тип. Ама, Раша ме тера да одиме во Амстердам и да пробаме печурки и колачи со марихуана“, рекла Гоца и додала дека сепак би сакала да му ја исполни желбата.

„Морам еднаш да попуштам и целосно да ја изгубам контролата. Јас мислам дека сум се родила дрогирана и дека нема да ми биде ништо. Луда сум како коњ, тешко дека ќе ми биде нешто од дрогата“, рекла пејачката.

 

Scroll to Top