Пејачот Жељко Бенек денес полни 72 години. Тој во интервју за „Блиц“ вели дека неговиот живот е полн со подеми и падови, но и дека никогаш не криел дека во времето на најголемата слава уживал во сексот, дрогата и жените.
„Не ми е жал, напротив, живеевме бурно и лудо. Се правевме сами и уживавме во тоа. Не тргнаа сите мои пријатели по добар пат, но јас мислам дека се што направив, направив исправно. Секако, сето тоа е сега минато“, рекол пејачот.
За него многумина мислат дека е најдобриот пајач на „Бело дугме“.
„Да не мислеа така немаше да се осмелам да почнам соло кариера. Горан направи добри песни, јас ги испеав на свој начин и тоа ми го отвори патот“, рекол Бебек.
Зад себе има два неуспешни брака. Со сегашната сопруга се запознал откако го замолила да се сликаат по еден негов концерт. Иако е помлада од него 24 години, во брак се од 2002 година и имаат две деца.