Откако блесна во новата драма на Би-би-си, McMafia, актерот Џејмс Нортон (32) преку ноќ во обложувачниците стана главен фаворит за наследник на Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд.
Веќе со години се шпекулира за тоа кој ќе биде наследник на Крег. За големи фаворити се споменуваа имињата на Том Харди, Идрис Елба, Том Хидлестон и Мајкл Фасбендер, но одеднаш сѐ се промени и Нортон се проби на чело на оваа листа.
Ако е за верување на процените на обложувачницата „Вилијам Хил“, Џејмс Нортон има најголеми шанси да биде новиот агент 007 со квота 3. На пример, за вложени 100 евра, добивате 300.
Втор е Том Харди со квота 4, а трет Идрис Елба со квота 10.
Петорката потенцијални кандидати ја пополнуваат Том Хидлестон (квота 12) и Мајкл Фасбендер (квота 14). Инаку, Џејмс Нортон е најпознат по улогите во сериите Happy Valley и Grantchester.