Нуркачкиот центар „Амфора“ традиционално, 16. година по ред, ја накити новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските во Охрид. Во китењето на подводната елка учествуваа 10 нуркачи.
На најмладите што присуствуваа на настанот им беа поделени новогодишни пакетчиња.
„Со посебен акцент го посветуваме овој настан на децата со ретки болести со желба за подобро здравје и надминување на сите потешкотии“, порачаа нуркачите.