Дваесет метри голем метеор експлодирал над Челијабинск, Русија, во 2013 година. Биле повредени над 1.000 лица во таа област, а за време на експлозијата се скршиле и прозорците на зградите.
Експертите не го очекувале ваквиот инцидент и сега тие стравуваат дека Земјата во блиска иднина би можела да биде цел на астероидски напад.
Но, теоретичарите на заговор сега тврдат дека поголем интелигентен вид од човечкиот го предвидел ваквиот настан и учествувал во спасувањето на Русија.
Тие што веруваат во УФО тврдат дека забележале објект што го уништува метеорот во вселената.
Александер Команев, координаторот на руската УФО-заедница во Екатеринбург, вели:
„Како прво, верувавме дека метеорот над градот беше обично космичко тело“.
Сепак, по внимателно разгледување господин Команев изјавил дека забележале како објектот удира во метеорот, го уништува, а помали парчиња паднале на земјата.
Тој додава: „Метеорот што експлодирал над Сибир, Тугнуск, предизвикал уништување шуми во предел широк околу 800 милји“.
Руските теоретичари на заговор исто така веруваат дека вонземјани во тој момент го спасиле светот.
Јури Лавбин, кој ја води Тунгуската вселенска феномен-организација, вели: „Веруваме дека постоеја два случаја и имаше два објекта, а дека УФО го срушил вториот објект.
„Во Тунгускиот Регион, УФО-објектот самиот беше уништен. Ова го знаеме затоа што бевме во Тунгуска и откривме метални фрагменти, што е невозможно да се продуцираат на Земјата.
„Доколку не беше интервенцијата на УФО-објектот, Земјата веројатно ќе се вратеше назад во каменото време“.