Купер Хефнер е најмладиот син на основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, и судејќи според се и негов наследник. Купер има 26 години, а веќе има стекнато некое завидно искуство и положба. Во моментов ја има титулата на главен креативен директор „Plauboy Enterprise“, а истовремено е и војник во калифорниските одбрамбени сили.
На Инстаграм го следат 106.000 луѓе, а верен е со актерката Скарлет Берн, која се прослави во улогата на Пенси Перкинсон во филмот „Хари Потер“.
Неговата мајка Кимберли Конрад е убавицата која во 1989 година е одбрана за Плејбој зајчица на годината. Истата година се омажила за Хју, а во 1991 година го добија Купер. Купер има и постар брат Марстон со кој израсна во Плејбој вилата.
Кога Хју и Кимберли растеа во 1998 година, Хефнер на својата сопруга и изгради куќе веднаш покрај Плејбој вилата, а Купер и Марстон живееле во двете куќи.
Купер во „Плејбој“ се приклучи на 21 година, но во 2016 година на кратко на напуштил фирмата.
„Сакав да учествувам во изградбата на релативна стратегија на брендот, стратегија која може да го приближи „Плејбој“ на мојата генерација. Но, ми стана јасно дека тоа нема да биде возможно поради тогашното водство на „Плејбој“, па си заминав од протестот“, изјави тој во една прилика за „New York Post“.
Во текот на неговото отсуство од магазинот тој престанал со објавување на разголеми фотографии, па бројот на претплатници драстично опаднал. Но, набрзо потоа се вратил во фирмата, а главната ццел му била да ја врати голотијата и на тој начин да ја врати старата слава.
На Инстаграм објавува фотографии од својот секојдневно по малку невообичаен живот, каде често игра покер опкружен со зајчици.