Калифорнија ја легализираше марихуаната за рекреативна употреба

Калифорнија која одамна стана позната во светот по златната треска,  наскоро би можела да ја дочека и „зелената терска“, со оглед на тоа што во 2018 година, се очекува легализација на марихуаната во рекреациските цели.

Во пресрет на донесувањето на одлуката, најголемите калифорниски градови, Лос Анџелес и Сан Франциско, допрва треба да почнат да ги издаваат локалните дозволи.

Американската канцеларија за контрола на употребата на канабисот, од петокот издаде 120 привремени дозволи на овластени лица кои продаваат марихуана во медицински цели.

Од понеделникот купците ќе можат легално да купуваат производи од канабис во градовите Оакланд, Беркелеи, Сан Хозе, Санта Круз, Сан Диего и уште неколку помали калифорниски градови.

Калифорнија е седмата американска држава со ваков закон

Калифорнија стана седмата американска држава, по Аљаска, Колорадо, Орегон, Висконсин, Масачусетс и Вашингтон ДС, во кои законот допушта користење на марихуана во рекреативни цели. Наведените држави го регулираа и воведоа данок за марихуана, за рекреативна употреба, како законот кој ја регулира конзумацијата алкохолот.

Новите калифорниски закон, со изгласување на референдум во 2016 година, лицата постари од 21 година, им е допуштено легално поседување, транспорт, набавки, потрошувачка и дистрибуција до 28,5 грама марихуана однсоно осум грама концентрирана марихуана.

Во согласност на истиот закон, возрасните лица смеат да одгледуваат шест билки марихуана по домаќинство, под услов да тие не бидат изложени на јавно место. Очекувано, против легализацијата во 2016 година беа гласачи постари од 65 години и републиканците.

Канабисот ќе биде во продажба во трговските центри

За да канабисот од 1 јануари, во калифорниските градови, би можел да се продава во трговските, за рекреативни цели, нивните сопственици мораат да извадат дозвола која ќе им ја издаде државата, а пред се потребно е да се извади локална лиценца. Но, градовите како Лос Анџелес и Сан Франциско, засега не започнаа со издавање на споменатата дозвола.

Градскиот татко на Лос Анџелес, вели дека процесот на издавање на лиценца за продажба на марихуана за рекреативни цели ќе стартува од среда.

„Калифорнија е деловно бавна држава, кога станува збор за правилата и законите“, изјави Морган Фокс, директорот за комуникација на „Marijuana Policy Projecta“, групата која заговара реформи на политиката за употреба на марихуана. Додава дека за целосна регулација на пазарот на марихуана која се користи во медицински цели потребни биле 19 години. Попрецизно, процесот траел од 1996 до 2015 година.

Според податоците на групата во Калифорнија, биле издадени повеќе од 1,5 милиони лиценци за употреба на марихуаната во медицински цели.

Во половина од американските држави, дозволено е медицинско користење на марихуаната

Половиа од 50 американски држави допуштаат користење на марихуаната во медицински цели, но и покрај тоа што е во согласност со сојузниот закон, таа сеуште е илегална, затоа што со хероинот се смета за најопасен вид на дрога.

Одговорните лица тврдат дека сега важно е да се втемелат релевантните агенции за надѕор и контрола на користењето на марихуаната за лична употреба. Сметаат дека е најважно да јавноста и полицијата бидат сензибилизирани на новиот потег, и дека треба да имаат за доволно познавање.

Добрата вест е во тоа што сите држави кои досега ја легализирале марихуаната за рекреативно користење, веќе поставиле стандарди, послужувајќи како експеримент за државите кои допрва треба да ја регализираат.

Новиот закон веројатно ќе придонесе за понатамошен раст на марихуаната во Соединетите Американски Држави. Се проценува дека само калифорнискиот пазар, вреди 1,6 милијарди долари и до 2020 годинаќ би можел да порасне на 6.4 милијарди долари.

 

 

 

Scroll to Top