Првороденото бебе во Скопје во 2018 година е родено ноќеска после полноќ, ( 01.01.2018 год. во 00 часот и 01 минута ) во ‚‚ ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство “, Скопје.
Истото е женско бебе, тешко 3 килограми и 70 грама и долго 49 сантиметри, од мајка Борјана Радевска од Скопје, на која ова и е второ дете.
По повод првата рожба во новата година клиниката ќе ја посетат Министерот за здравство Д-р Венко Филипче, Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.