Во туристичките места, на плоштадите, во кафеаните и рестораните или во семејна атмосфера, македонските граѓани ја испратија старата и ја дочекаа Новата 2018 година.
Град Скопје ја откажа традиционалната прослава, а планираните средства ќе бидат донирани за социјални цели.
Новогодишна прослава со хуманитарен карактер организираше Општина Центар на плоштадот сквер „Јадран“ на која настапија познати македонски музичари.
Средствата ќе бидат наменети за 16-годишно момче кому му е потребна итна операција за пресадување на коскена срцевина во Италија.