Поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере, празниците ги помина во родната Ирска, во местото Конемара. Тој објави фотографија направена на 31 декември на која излегува од Атлантскиот Океан и со која им ги честита празниците на своите пријатели.
Иако неколку години не е дел од политичката сцена во Македонија, Фуере е чест гостин во земјата. Тој секој јануари го посетува Охрид и присуствува на одбележувањето на православниот празник Богојавление – Водици. Фуере изминатите години беше редовен капач на Денот на рибарите и двапати успеа да доплива и до бурето со вино.
(А.Ј)