Фуере пливаше во Атлантскиот Океан за Нова година

Поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере, празниците ги помина во родната Ирска, во местото Конемара. Тој објави фотографија направена на 31 декември на која излегува од Атлантскиот Океан и со која им ги честита празниците на своите пријатели.

Иако неколку години не е дел од политичката сцена во Македонија, Фуере е чест гостин во земјата. Тој секој јануари го посетува Охрид и присуствува на одбележувањето на православниот празник Богојавление – Водици. Фуере изминатите години беше редовен капач на Денот на рибарите и двапати успеа да доплива и до бурето со вино.

(А.Ј)

 

Scroll to Top