Еден од најпопуларните фестивали во Америка, „Коачела“, и оваа година ќе се одржи во април. Најголеми ѕвезди на шестдневниот фестивал ќе бидат Бијонсе, Викнд и Еминем.
Биојонсе оваа година ќе настапи на „Коачела“ откако лани го откажа настапот во последен момент поради ризичната бременост, но организаторите на фестивалот уште тогаш ветија дека таа ќе биде главна ѕвезда во 2018.
Таа ќе настапи на 14 и 21 април. Викнд ќе ги забавува гостите на 13 и 20 април, а Еминем на 15 и 22 април. Освен нив, на фестивалот ќе настапат и Кајго, Жан Мишел Жар, Алан Вокер, Дејвид Брн и многу други.