Актерката Џесика Алба го роди своето трето дете, синот Хајс, на пречекот на Новата година. Само шест дена по породувањето на „Инстаграм“ објави селфи-фотографија на која покажа како изгледа.
„Топол туш и малку шминка за повторно да се чувствувам како човечко суштество. Животот на мајка на новороденче“, напиша на инстаграм-приказната што ќе исчезне 24 часа по нејзиното објавување.
Актерката и нејзиниот сопруг Кеш Ворен веќе ги имаат децата Хевен и Онор.