Актерот Мајкл Даглас ги негираше обвинувањата дека сексуално малтретирал жена пред 32 години. Претходно жената тврдела дека познатиот актер мастурбирал пред неа додека таа работела кај него.
Двократниот добитник на Оскар изјави дека жената која тврдела дека мастурбирал пред неа и на тој начин сексуално ја загрозил ова го прави со цел да дојде до слава. А цената за тоа биле неговите преплашени деца.
Мајкл изјави дека наводната жртва во јавност излегла со обвинувањата пред Божиќ, и тоа на денот кога неговиот син требало да биде примен на колеџ.
Жртвата работела за познатиот актер пред 32 години. пишува „Дејли мејл“.
„Ова е многу болно за мене, особено што јас немам никакви скелети во орманот, а тоа може да го потврди секој кој ме познава“, изјави Мајкл Даглас по повод ваквите обвинувања.