Компјутерскиот гуру кој му помогна на Викиликс да дојде до е-поштата на Хилари Клинтон е пронајден мртов

Соработникот на Викиликс, Џејмс Долан, кој помогнал да се создаде технологија која му овозможила на Викиликс да ги добие и објави документите и е-поштата на Демократската партија на САД е пронајден мртов.

Триесет и шестгодишниот Џејмс е прогласен за мртов од страна на „Freedom of the Press Association“ (freedom.press), но во медиумите се тврди дека си го одземал самиот животот за време на празниците.

„Викиликс објави повеќе информации и докази за смртта на Долан објаснувајќи дека тој бил вториот ко-креатор на безбедниот информатор, но бил пронајден мртов под сомнителни околности.

Според луѓето кои го познавале, Џејмс Долан бил мирен, вреден и скромен човек. Работел со Арон Шварц, партнерот од „Редит“, и новинарот Кевин Поулсен, со кого го изградил прототипот „SecureDrop“, извидувачки систем кој користи отворени извори, кој го користел Викиликс.

Поулсен ја опишал клучната улога на Џејмс во создавањето на проектот „Њујоркер“, во 2013 година.

„Во Њујорк, компјутерскиот безбедносен експерт под името Џејмс Долан убедил тројца свои индустриски колеги на состанокот со Арон да ги оценат позитивно структурните платформи, а подоцна и кодовите. Сакавме да ги убедиме да бидат разумни и дека системот нема да биде загрозен, а на лицата од кои ќе извираат информациите ќе им биде овозможено да ги достават документите анонимно, така што и медиумите кои ќе ги примат материјалите нема да бидат во можност да видат од каде истите стигнуваат. Џејмс напишал безбедносен водач, кој го правел чекор по чекор за организацијата и имплементацијата на кодот. Тој малку претерал во тоа. Но, можеби тоа и не е така толку лоша работа“, изјавил Арон.

Колегата на Долан, Арон Шварц умрел во 2013 година, наводно се самоубил, додека во исто време бил прогонуван од страна на американската влада во текот на мандатот на американската државна секретарка Хилари Клинтон.

 

 

Scroll to Top