Леди Гага не смее да го продава виното произведено во чест на нејзината покојна тетка зашто веќе постои вино со такво име на пазарот.
Американскиот Оддел за патентни и заштитни знаци одбил да ги регистрира белите и црвени вина на пејачката со име „Џоан траторија вино бланко“ и „Џоан траторија вино роса“. Гага имињата на вината им ги дала по тетка си Џоан Стефани Германота, која починала од автоимуната болест лупус кога имала 19 години.
Леди Гага планирала виното да го послужува во ресторанот на татка си во Њујорк. И ресторанот е отворен во чест на починатата тетка.