Ракометната федерација на Македонија ќе мора да плати 2.000 евра на ЕХФ заради непочитување на правилата што се однесуваат на опремата на ракометарите.
Според ЕХФ, Македонија е казнета со 1.000 евра оти некои од ракометарите не носеле исти чорапи на натпреварот со Црна Гора. РФМ ќе мора да плати и 1.000 евра поради бојата на стреч-гаќите што под шорцот се гледале кај Манасков, браќата Лазаров, Талески, Кузмановски и Велковски. Според строгите правила на ЕХФ бојата на гаќичките што се носат под дресот мора да е идентичка со бојата на дресот, а кај нашите ракометари под жолтиот дрес се ѕиркале црни гаќички.
Ова не е првпат Македонија да биде казнета за непочитување на дрес-кодот. Ракометната федерација доби слична казна зашто ракометарите носеле различни чорапи на ЕП во Полска и на СП во Франција.