ЕХФ ја казни Македонија заради гаќичките

Ракометната федерација на Македонија ќе мора да плати 2.000 евра на ЕХФ заради непочитување на правилата што се однесуваат на опремата на ракометарите.

Според ЕХФ, Македонија е казнета со 1.000 евра оти некои од ракометарите не носеле исти чорапи на натпреварот со Црна Гора. РФМ ќе мора да плати и 1.000 евра поради бојата на стреч-гаќите што под шорцот се гледале кај Манасков, браќата Лазаров, Талески, Кузмановски и Велковски. Според строгите правила на ЕХФ бојата на гаќичките што се носат под дресот мора да е идентичка со бојата на дресот, а кај нашите ракометари под жолтиот дрес се ѕиркале црни гаќички.

Ова не е првпат Македонија да биде казнета за непочитување на дрес-кодот. Ракометната федерација доби слична казна зашто ракометарите носеле различни чорапи на ЕП во Полска и на СП во Франција.

Scroll to Top