Каја Гербер, ќерката на Синди Крафорд, ја отвори ревијата на „Шанел“ на Модната недела во Париз. Моделите и овој пат ги дизајнира Карл Лагерфелд.
Инспирацијата Лагерфгелд ја црпел од англиските рози. Повеќето модели имаат цветни детали или 3Д-форми на цветови. Модната куќа „Шанел“ на ревијата понуди модели од високата мода, а ревијата се одржа во „Гранд палас“ во центарот на Париз, која беше претворена во градина од рози.