Јелена Карлеуша откри колку е тешка

Српската пејачка Јелена Карлеуша ѝ откри на јавноста колку килограми има и изјави дека никогаш не била толку дебела, но истовремено дека засега нема проблем со вишокот килограми.

„Никогаш не сум била толку дебела! Еве сега јавно признавам, немам проблем со тоа. Имам 75 килограми“, откри Карлеуша и додаде дека на телевизија изгледа како да е 15 килограми подебела.

Пејачката во последно време често ја критикуваат поради вишокот килограми, додека некои мислат дека идеално ѝ прилегаат.

Таа во текот на гостувањето на една емисија откри дека сите се согласуваат околу тоа дека изгледа убаво со облини.

Саша Поповиќ неодамна ја носеше Јелена на рамена, токму како што некогаш ја носеше Лепа Брена, па откри дека не му било лесно.

„Кога ја кренав имав впечаток дека има 105 килограми! Ми беше претешка“, изјави Саша Поповиќ.

 

 

 

Scroll to Top