Во Мелака, Малезија, се одржа светскиот избор за „Мис туризам“, а белграѓанката Сара Милетиќ стана втора придружничка. На изборот победи Мис Колумбија.
„Успеав на најдобар начин да ја претставам мојата земја, како европска и светска туристичка дестинација. На жирито му раскажав за српската историја и традиција, се пофалив со Тесла, со светски познатите спортисти, но и со историските споменици под заштита на УНЕСКО“, рекла Сара по освоената титула.
Македонија немаше своја претставничка на ова натпреварување.