Џон Подеста: Мораме веднаш да ја намалиме светската популација

Поранешниот водител на изборната кампања на Хилари Клинтон, Џон Подеста, ги изнесе плановите за изведба на контроверзната програма за намалување на популацијата на планетата.

Пишувајќи за „Вашингтон пост“, Подеста тврди дека намалувањето на светската популација не само што е пожелно туку и апсолутно неопходно за да се намали емисијата на јаглероден диоксид до 2050 година.

Кога говориме за климатските промени во светот, ретко размислуваме за тоа низ очите на една жена. Но, ако еколошките активисти навистина сакаат да ја намалат емисијата на штетни гасови подигнувајќи го животниот стандард и да изградат одржлива иднина, не можат да ја занемарат важноста на репродуктивните права и здравјето, пишува „Вашингтон пост“.

Коалицијата меѓу движењата за заштита на околината и движењата за женските права не само што од темел ќе ги унапредат правата на жените туку и ќе направат добри работи за планетата, која се справува со последиците на оптоварување на околината поради растот на населението.

Требало 200.000 години човечката популација да порасне до бројка од 2 милијарди во 1940 година, но само 75 години подоцна таа речиси трипати се зголемила на 7,6 милијарди луѓе.

Светот добива нови 83 милиони жители секоја година. Тоа приближно е еквивалент како да добивате една Германија секоја година и друга на секои 16 години.

Експертите проценуваат дека проекцијата за растот на населението ќе стане најлошо можно сценарио во кое светската популација ќе порасне уште 70 отсто и ќе достигне бројка од 13 милијарди луѓе до крајот на векот.

Но, ако и понатаму се вложува во разумни меѓународни програми на планирање семејство и се прифати предизвикот на задоволување на потребите на жената и семејството, би можело потенцијално да се стабилизира популацијата под 10 милијарди жители.

Да им се даде на жените пристап до репродуктивните права и здравје е морален императив. Преголем број жени на премногу места, вклучувајќи ги и Соединетите Американски Држави, имаат неуспешни барања за пристап до семејно планирање.

Процените покажале дека повеќе од 200 милиони жени сакаат да ја спречат или одложат бременоста, но не користат ефикасна контрацепција. Пристапот на репродуктивно здравје може да се осигури, само доколку жените имаат поголема автономија над своите животи и тела.

Неодамнешното истражување го засили разбирањето на предноста на помагалата за планирање семејства и бројот на деца. Научниците од Универзитетот „Браун“ покажале дека забавувањето на растот на популацијата може да ги подобри економските резултати и истовремено да ја намали емисијата на гасови.

Во Нигерија истражувачите откриле дека ниската плодност до 2050 година би можела да го зголеми приходот на жител дури 10 проценти.

Други студии процениле дека задоволувањето на побарувачката на планирано семејство во одделни делови од светот може потенцијално да се намали јаглеродниот диоксид од 16 до 29 отсто до 2050 година. Еквивалент еднаков на прекин на долгорочното губење на шумите на Земјата.

Всушност, планирањето семејство е едно од 10-те материјални решенија за климатските промени, се наведува во неодамнешна анализа на рецензирани истражувања. Освен што е исплатливо поради намалување на емисијата на гасови, користа за жените и семејствата во целиот свет ќе биде огромна.

Затоа, 193 земји во Обединетите нации се залагаат за универзален пристап за сексуално и репродуктивно здравство како дел од одржливите развојни цели.

Планирањето семејство, еднаквоста на половите и здравјето малку се рефлектираат на американското водство и вредностите кои помогнале да се создаде глобален консензус на гледиште на долгогодишен развој на соработка.

Сепак, една од првите одредби на претседателот Трамп била да се блокира сојузното финансирање на глобалните здравствени организации, кои даваат, советуваат или заговараат правни услуги на абортуси вклучувајќи ги и оние што даваат услуги за планирање семејства, лекување ХИВ и вакцинации.

Освен што услугите на планирање семејство и репродуктивно здравје може да станат универзално достапни, потребно е да се осигури секое дете да добие основно и средно училиште и да се искорени малтретирањето во детските бракови.

Новите податоци од Обединетите нации наведуваат дека доколку девојките во земјите во развој имаат средношколско образование, стапката на фертилитет се намалува 42 отсто.

Сето тоа е можно со помош на соработка меѓу широкиот јавен и приватен сектор, владите, невладините организации и многуте заедници што може да создадат партнерства за унапредување на тие цели и да овозможат услуги тие да се остварат.

Американските еколози и заговорници на правата на жените има секаква причина да се чувствуваат дека се под опсада на управата на Трамп. Но, има сѐ повеќе причини и да продолжиме да ја бараме заедничката причина во борбата за здравјето на жените и здравата планета.

Напредокот е можен кога групите што долго биле насочени на одделни проблеми ќе ги здружат силите за изградба на правични и одрлжливи економии и друштва.

 

 

 

Scroll to Top