Кејт Мидлтон и принцот Вилијам вчера беа во посета на шведскиот музеј за уметност и дизајн „Арк Дес“ и открија дека поседуваат дел од мебелот на ИКЕА.
Ова го открил Маркус Енгман, шеф на дизајн во ИКЕА, кој разговарал со двојката и кој за новинарите рекол дека тие откриле дека имаат мебел од ИКЕА во детските соби.
Јавноста веднаш реагираше и постави куп прашања од типот дали сами го купуваат мебелот? Кој го склопува – тие или некој друг? Дали и тие се како сите нас и седат пред купот делови, проколнувајќи го исчезнатиот пакет шрафови?