Том Харди си го истетовира Леонардо ди Каприо

Актерот Томас Харди стави тетоважа со натпис „Лео знае сè“ на десниот бицепс. Тетоважата ја направи откако изгуби облог од својот партнер во филмот „Повратник“ од 2015 година. Том и Лео се обложиле 2016 година, кога Ди Каприо му рекол на Харди дека тој ќе добие номинација за „Оскар“ за споредна улога во филмот, а Харди бил убеден дека нема да биде номиниран.

Идејата била, тој што ќе изгуби, да направи тетоважа според желба на победникот.

Неодамна Харди ја направил тетоважата, па сега сите знаат дека „Лео знае сè“.

 

Scroll to Top