Светот е навистина мал, а некои филмски и музички ѕвезди се познавале дури и пред да станат славни. Заедно учеле во средно училиште.
Камерон Дијаз и Снуп Дог
Учеле во „Лонг Бич политехник скул“ во Калифорнија. Снуп е неколку години постар од Камерун, но уште одамна изјавил дека се сеќава на неа од школските клупи и дека таа уште тогаш поседувала нешто посебно.
Еди Редмејн и принцот Вилијам
Тие учеле во интернатот „Итон“, кој е прогласен за најубав интернат на светот.
Фред Принц Јуниор и Нил Патрик Харис
Овие актери седеле во иста клупа во училиштето „Ла Куева“ во Албикирски во државата Њу Мексико.
Џејда Пинкет Смит и Шупак Такур
Џејда и Шупак биле најдобри пријатели додека учеле во уметничкото средно училиште во Балтимор. „Кога го запознав на првиот училиштен ден, не ми личеше на некој со кого би се дружела, ама ми стана најдобар пријател“, открила актерката.
Лејди Гага и Ники Хилтон
Сестрата на Парис Хилтон и Лејди Гага учеле во католички интернат за девојки во Њујорк. Девојките се познавале, но не се дружеле.
Адел и Џеси Џеј
Пејачките учеле во ист клас и често се дружеле на големите одмори. Во истото училиште во Лондон во друг период учеле и Ејми Вајнхаус и Леона Луис.
Џеј Зи и Баста Рајмс
Двајцата популарни рапери оделе во техничко училиште, но честопати организирале меѓусебни јавни натпревари за тоа кој од двајцата рапува побргуо.
Никол Кидман и Наоми Вотс
Актерките се познаваат 26 години, оделе во исто средно училиште. Иако по матурирањето тргнале по различен пат, се сретнале повторно на снимањето на филмот „Флертување“. Отогаш се дружат пак.
Џенифер Анистон и Чез Боно
Џенифер била една од најпопуларните девојки во средно, а учела во истиот клас со Честити Сан Боно, ќерката на Шер и Сони Боно. Од 2008 до 2010 година Честити го сменила полот и денес е маж, Чез Боно.
Мет Дејмон и Бен Афлек
По средното училиште се разделиле, а кога повторно се сретнале, сфатиле дека пријателството не им е сменето. Заедно го напишале сценариото за „Добриот Вил Хантинг“ за кое добија и „Оскар“. Често велат дека се надополнуваат и дека еден на друг си се најдобри пријатели.