Патрик Свејзи не бил првиот избор за „Валканиот танц“

Главната улога на заводник и учител по танц во култниот филм „Валканиот танц“ не било првично наменета за Патрик Свејзи, туку режисерот на филмот, Емил Ардолино, првично ја замислил ваквата улога за Вал Килмер.

Поради тоа што Килмер ја одбил понудата, улогата му припадна на Свејзи. Килмер тогаш уживал во славата што му ја донесе филмот „Топ Ган“, кој е снимен само една година пред „Валканиот танц“.

„Се плашев дека улогата ќе ме обележи само како обично парче, изјави Килмер.

Филмската приказна, која трае 100 минути, оствари приход од 214 милиони долари.

Песната од филмот The time of my life, за која текстот го напишале Френк Превит, Џон Дениколо и Доналд Марковиќ, а која ја отпеаја Бил Медли и Џенифер Ворнс во 1987 година, беше наградена со „Оскар“, а освои и неколку награди „Греми“.

 

Scroll to Top