На социјалните мрежи за првпат се појави заедничка фотографија од Цеца и нејзината свекрва Славка, мајката на Аркан. Ако се суди според фотографијата, може да се забележи дека и двете имале убав однос.
Мајката на Цеца, лево, Цеца, и во средина мајката на Аркан (десно):
„Ме погоди веста за смртта на мојата свекрва, но беше невозможно да ги откажам концертите затоа што ќе загрозев други луѓе вклучени во нивната организација. Да бев поблиску, ќе ги поместев и ќе ги откажев. Целото мое семејство, мајка ми, татко ми, вујко ми и моите деца беа на погребот“, изјави Цеца.
Мајката на Жељко Ражнатовиќ Аркан починала на 4 декември 2012 година во Клиничкиот центар во Белград. Славка Јосифивиќ Ражнатовиќ починала на 87-годишна возраст, а како што изјави нејзината ќерка Јасна Диклиќ на денот на погребот, од денот кога го изгубила синот Славка го чекала денот кога ќе биде погребана покрај него.
Цеца Ражнатовиќ не присуствувала на погребот на свекрва ѝ поради тоа што во тој период била на турнеја во Австралија. Како што самата изјавила, да била поблиску, сигурно ќе ја прекинела турнејата, а наместо неа, на погребот дошле децата Вељко и Анастасија, како и родителите на Цеца.
Со години се шпекулирало за односот на Цеца и Славка, особено по убиството на Аркан. Познато е дека често доаѓала во семејната куќа, а децата биле врзани за неа, но се шпекулирало дека била блиска и со Цеца.