По 15 години, Ума Турман објави снимка од несреќата за време на снимањето на „Убиј го Бил“

Актерката Ума Турман, за која со години се сметало дека е блиска пријателка на режисерот Квентин Тарантино, во неодамнешното интервју открила дека неговата непромислена одлука за малку ќе ја чинело живот.

„Околностите на овој настан се граничат со криминален дел“, изјавила Ума Турман за несреќата што се случила во Мексико во 2002 година за време на снимањето на филмот на Квентин Тарантино, „Кил Бил“ („Убиј го Бил“).

Актерката во интервју за „Њујорк тајмс“ откри дека режисерот ја принудил да вози неисправен автомобил по неасвалтиран пат, иако таа барала да ја замени каскадер.

Одеднаш изгубила контрола и удрила во дрво. Си ги повредила колената и вратот, а поради тие повреди, како што вели, страда до ден-денешен.

i post this clip to memorialize it’s full exposure in the nyt by Maureen Dowd. the circumstances of this event were negligent to the point of criminality. i do not believe though with malicious intent. Quentin Tarantino, was deeply regretful and remains remorseful about this sorry event, and gave me the footage years later so i could expose it and let it see the light of day, regardless of it most likely being an event for which justice will never be possible. he also did so with full knowledge it could cause him personal harm, and i am proud of him for doing the right thing and for his courage. THE COVER UP after the fact is UNFORGIVABLE. for this i hold Lawrence Bender, E. Bennett Walsh, and the notorious Harvey Weinstein solely responsible. they lied, destroyed evidence, and continue to lie about the permanent harm they caused and then chose to suppress. the cover up did have malicious intent, and shame on these three for all eternity. CAA never sent anyone to Mexico. i hope they look after other clients more respectfully if they in fact want to do the job for which they take money with any decency.

A post shared by Uma Thurman (@ithurman) on

Напомош ѝ пристигнале членови од техничката екипа.

„Во тој момент помислив дека никогаш повеќе нема да можам да застанам на нозете“, изјави актерката.

По инцидентот, до студиото „Мирамакс“, под чие закрила е сниман филмот, актерката се закани со тужба, но до снимката никако не можеше да дојде.

„Со години Вајнштајн и неговите продуценти го забошотија инцидентот и одбиваа да ми ја дадат снимката. Се откажав од тужба, но ни Квенин не сакаше да ми ја даде снимката“, раскажа Турман.

Снимката, конечно, ја доби 15 години по несреќата.

„Сега повеќе не ми е важно. Мојот врат и колената трајно се оштетени“, вели таа.

Ума откри уште некои детали од снимањето, а се однесуваат на славниот режисер. Кога ги снимила сцените со Мајкл Медсен, Тарантино ѝ плукнал в лице, а во моментите на снимањето на другата сцена ја давел со синџир.

По овие исповеди, многу актери ѝ се заблагодарија дека проговорила за сериозен холивудски проблем.

„Тарантино ја игнорирал и актерката Дарли Хан кога му се пожалила дека Харви Вајнштајн ја малтретирал. Само ја тргнаа од промотивната турнеја. Ова е причина зошто Вајнштајн толку долго не го спречиле“, напишал режисерот Џуд Апатов.

Ума потоа изјавила дека му простила на режисерот затоа што сметала дека немал зла намера.

„На Квентин денеска му било жал и се чувствува лошо поради тоа што се случило. Кога ми ја даде снимката, знаев дека ќе ја објави и дека тоа ќе биде лошо за него. Се гордеам со него што храбро ја направи оваа работа“, напиша Турман.

Инаку, Квентин Тарантино по сето ова се огласи велејќи дека тоа што ѝ се случило на Ума е неговата најголема грешка.

 

 

 

 

Scroll to Top