Веќе со месеци кружи приказната дека Ана Николиќ и Стефан Џуриќ Раста се разведуваат, а познатиот рапер проговори и за односот што го има со пејачката, со која ја има ќеркичката Тара.
„Имаме крајно професионален однос. Работиме заедно на концерт и албум. Постои страна што на луѓето им е позната од почеток, со создавањето на нејзиниот албум. Но, постои и приватна страна што ја криеме и се обидуваме да ја задржиме за себе. За нашиот однос луѓето можат да расудуваат по нашите концерти и соработки“, изјави Раста.
Раста изјави дека ужива во родителството и дека ќеркичката го слуша.
„Ме слуша супер. Сега за првпат знам што значи односот ќерка-татко“, изјави раперот за емисијата „Ексклузив“.