Србија на 20 февруари ќе го избере својот претставник на Евросонг, и тоа преку Беовизија. На ова национално натпреварување ќе чуеме 17 композиции, а само една, победничката, ќе ја претставува Србија на Евросонг, кој ќе се одржи во Португалија.
На Беовизија ќе се натпреваруваат групата „Севдах бејби“, Бети Ѓорѓевиќ и Рамбо Амадеус (кој ќе настапи во дует), Маја Николиќ, Срѓан Маријановиќ, Иван Куртиќ, Сања Илиќ и „Балканика“, „Коктел Балкан“, Борис Режак, Лана и Алдо, Душан Свилар, Игор Лазаревиќ, Сашка Јанковиќ, Лорд, Даниел Павловиќ, BASS, „Осми воздух и другари“ и Бибер и диџеј Нико Браво.
Слушнете ги сите композиции што ќе ги изведат натпреварувачите на Беовизија на ова натпреварување.
„Севедах бејби“, „Ајде да играме сега“:
Рамбо Амадеус и Бети Ѓорѓевиќ: „Те нема“:
Маја Николиќ; „Земја на чудата“:
Срѓан Маријановиќ и Емил: „Барем да знам“
Иван Куртиќ: „Ни сонце ни месечина“
Сања Илиќ и „Балканика“: „Новите деца“
„Коктел Балкан“: „Затоа“
Борис Режак: „Вила“
Лана и Алдо: „Посилни од сите“
Душан Свилар: „Под крошен багрем“
Игор Лазаревиќ: „Бегај од мене“
Сашка Јанковиќ: „Песна за тебе“
Лорд: „Само нека се сврти“
Даниел Павловиќ „Ружа судбина“:
Рејбас: „Уморен“
„Осми воздух и другари“, „Разбуди се“
Бибер и диџеј Нико Браво „Утро (Сватови)“