Кајли Џенер објави прва фотографија од ќерката Сторми

Најмалата сестра во семејството Кардашјан, Кајли Џенер, се породи пред неколку дена. Таа веднаш објави прва фотографија од својата ќерка и откри дека девојчето ќе се вика Сторми Вебстер.

Вебстер е вистинското презиме на нејзиното момче, таткото на детето, Тревис Скот. Името Сторми, пак, го избрале кога го виделе во продавница за бебиња во Лос Анџелес. Тоа било напишано на едно од креветчињата за деца.

Семејството Кардашјан е познато по чудниот избор на имиња за своите деца.

 

Scroll to Top