Славниот американски музичар и продуцент Квинси Џоунс (84) даде опширно интервју за магазинот Vulture, а тоа што го изјави иницира лавина коментри.
Имено, Квинси зборувал за соработката со „Битлси“, кој го нарече најлош бенд на светот создаден некогаш.
„Тие се најлошите музичари на светот. Тие не свират, кучкини синови! Пол беше најлошиот басист што некогаш го имам слушнато. А Ринго? Не сакам ниту да зборувам за тоа“, беше преостар Квинси.
Во 70-тите години Квинси Џонс го работел аранжманот за Love Is a Many-Splendored Thing за дебитанскиот соло-албум на Ринго – Sentimental Journey и бил сè, само не импресиониран од бубњарот на „Битлси“.
„Се сеќавам еднаш кога бевме во студиото со Џорџ Мартин (продуцентот на „Битлси“). На Ринго му требаа три часа за работа од четири бара, која требаше да ја поправи во песната“, открива Квинси.
„Не можел да ја направи. Му рековме, зошто не земеш некој пијалак, пита и еден час за малку да се опуштиш? Така и направи и ние го повикавме Рони Верела, џез-бубњарот. Рони стигна за 15 минути и го реши. Ринго се врати и рече: „Џорџ, можеш ли да го вратиш да отствири уште еднаш за мене?“, откри Квинси, кој Пол Макартни го запозна кога овој имал само 21 година.
Квинси во споменатото интервју изјавил дека покојниот Мајкл Џексон, со кого соработувал, украл многу од песната и дека прочуениот хит „Били Џин“ настанал од песната „Дон самер“.
„Мразам што го изнесувам ова во јавност, но Мајкл од мене украде многу работи. Украде многу песни“, изјави Квинси за Vulture, култниот интернет-портал во рамките на „Њујорк магазинот“.
„Белешките не лажат, човече. Беше тоа вистински макијавелист“, изјави Квинси, кој е горд сопственик на 27. награда „Греми“.