Речиси заборавивме на лековите што во наследство ни ги оставиле предците. Но, сепак, старите имале некои совети кои до ден денешен се незаменливи.
Ким (на латински „Carum carvi) е еден од најстарите познати зачини од семејството Apiaceae. Пронајдени се плодови што датираат уште од 3000 година пред нашата ера, а ги има и во пишаните споменици, каде што се споменува и името на Карло Велики.
Кимот најмногу се одгледувал во земјите од поранешенниот Советски Сојуз и во Европа (Холандија и скандинавските земји). Потеклото му е од Мала Азија.
Кимот содржи етерично масло, повеќе масни киселини и витамин Ц.
Ако сте и вие меѓу оние кои се борат со воспаление на грлото и крајниците или ангина, имате добри вести!
Иако сте мислеле дека сте ги пробале сите лекови и ништо не успеало, тука е народниот лек кој сето ова го лечи за само четири часа.
Рецепт:
- 80 грама истолчени семиња од ким полејте ги со 200 милилитри вода и варети ги 15 минути
- Ќе добиете густа растеглива маса, која личи на талог од кафе.
- Процедете ја и додадете 50 милилитри вода, па повторно ставете ја да врие.
- Тргнете ја од огнот и додадете еден филџан коњак (или вино)
Земете по една лажица на секој половина час. По два часа, болката ќе се повлече, а по четири ќе бидете сосема добро.
Во потешките случаи на настинки, можете да го пиете овој лек и подолго. Им се препорачува на сите кои се склони на болки во грлото.