Трикови за ефикасно слабеење

Здравиот процес на слабеење се одвива постепено. Со овие мали замени во исхраната ќе можете да уживате во јадењето, а истовремено да губите тежина.

 

Гответе дома

Вашата омилена кинеска, индиска или арапска храна не мора да ја заборавите. Едноставно, најдете рецепти што можете сами да ги зготвите на поздрав начин за полесно варење.

Три оброци дневно

Лесно може да се случи да отидете без појадок на работа, а и ручекот да го поминете на брзина бидејќи сте премногу зафатени. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека луѓето кои јадат редовни оброци и ужини имаат поголеми можности да носат подобри одлуки во врска со своето здравје.

Многу зеленчук

Никој не сака да ја јаде истата храна секој ден. Измешајте ги оброците и сменете ги начините на коишто ја готвите храната, на пример, компирите да се направат пире, да се печат во форма на чипс или стапчиња, а зеленчукот може да се готви на пареа, да се свари или да се пече на скара со разни зачини.

Јадете го овошјето наместо да го цедите

Свежите сезонски овошја можат да ве наситат, додека цедените сокови побрзо поминуваат низ дигестивниот систем, без да го задоволат целосно вашиот апетит. Размислете колку посити би се чувствувале кога би изеле цели пет портокали во споредба со тоа кога од истите би направиле чаша цеден сок.

 

 

Scroll to Top