Бившиот на Памела Андерсон се вери петти пат

Рокерот Томи Ли, тапанарот на хеви метал групата „Мотли Кру“, се вери петти пат. Тој ќе се жени со 31-годишната комичарка Британи Ферлан. Рокерот ја побарал за жена на Денот на вљубените, по помалку од една година врска.

За нивната веридба јавноста дозна од инстаграм-објавата на Ферлан.

„Тоа е дефинитивно подобро од чоколадо. Поздравете ја идната г-ѓа Ли“, напиша таа.

Ова ќе биде нејзин прв брак. Томи Ли ќе се жени четврти пати. Со три свршеници: моделот Елејн Берген и актерките Хедер Локлир и Памела Андерсон беше оженет, а со четвртата свршеница, Софија Туфа, ја раскинаа веридбата.

 

Scroll to Top