Машка менопауза – андропауза

Андропауза е машка менопауза, која има слични симптоми како женската. Повеќето мажи одбиваат да го прифатат фактот дека се во менопауза и не се чувствуват удобно да разговараат за сексот со своите доктори. Андропаузата е време во кое мажите претрпуваат хормонални промени. Тогаш се намалува производството на хормонот тестостерон. Првпат андропаузата се јавува на кога мажите ќе наполнат 50 години.

Се намалува производството на тестостерон во телото. И како што тестостеронот ги поттикнува промените за време на пубертетот и ја зголемува психичката и физичката енергија, така делува во обратен правец во време на андропаузата.

Машката менопауза може да предизвика физички, сексуални и психолошки промени кај мажот. Тие може да се влошуваат со текот на стареењето. Промените вклучуваат намалување на енергијата, чувство на депресија или тага, намалена мотивација, намалена самодоверба, потешкотии со концентрацијата, несоница или потешкотии со спиењето, намалена мускулна маса и чувство на физичка слабост, развој на гради, намалена коскена густина, еректилна дисфункција и намалено либидо.

Во некои случаи кај мажите може да се појави чувство на отечени и чувствителни гради, намалена големина на тестисите, губење на телесни влакна или топли бранови.

 

 

Андропаузата не предизвикува посериозни симптоми или промени, па не се потребни ни посебни третмани. Третманот на машката менопауза вклучува активности со кои се овозможува поздрав начин на живот, здрава исхрана, редовно вежбање, квалитетен сон и намалување на стресот.

Овие промени во животниот стил може да бидат корисни за сите мажи без разлика дали доживеале андропауза.

Scroll to Top