Силвестер Сталоне јави дека е жив и здрав

Лажната вест дека славниот холивудски актер Силвестер Сталоне починал го преплави интернетот, а по повод ваквата бизарност се огласи и неговиот брат Френк Сталоне.

Веста што со молскавична брзина се прошири на социјалните мрежи е дека Сталоне починал од рак на простата, а фановите масовно почнаа да се простуваат од популарниот Роки Балбоа, иако ова не е првпат да се пласира ваква информација во јавност.

По повод оваа лажна и вознемирувачка вест, која го шокираше светот, се огласи и братот на Сталоне, кој на социјалните мрежи потврди дека славниот актер е жив и здрав.

„Шпекулациите дека мојот брат е мртов се лажни. Кој болен мозок може вакви работи да објавува? Ваквите луѓе се ментално загрозени и не заслужуваат место во ова општество“, напиша Френк Сталоне на „Инстаграм“.

Освен тоа, својата смрт морал да ја демантира и самиот Силвестер, кој исто така се огласи на „Инстаграм“.

„Ве молам да ја игнорирате оваа глупост. Жив сум и добар сум, среќен сум и здрав!“, напиша легендарниот актер на својот официјален налог.

Please ignore this stupidity… Alive and well and happy and healthy… Still punching!

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone) on

Фотографијата што кружеше со веста дека славниот Сталоне починал, а на која изгледа исцрпено и болно се од снимањето на филмот Creed 2, објаснил Френк Сталоне.

За потсетување, ваква слична информација беше пласирана на социјалните мрежи во 2016 година, која се пишувало дека Сталоне е пронајден мртов во својот дом. За среќа, Славниот Роки и понатаму е посилен од сè.

 

 

 

Scroll to Top