Каде и да се појави шестгодишната ќерка на Бијонсе и Џеј Зи, Блу Ајви, привлекува поголемо внимание од своите родители. Таа неодамна присуствуваше на олстар-кошаркарскиот натпревар, на кој носеше чанта со потписот на Луј Витон од 1.800 долари.
На натпреварот Бијонсе носеше поевтина чанта, од 1.400 долари. Но, чантата на Тина, мајката на Бијонсе, чинеше 4.700 долари, повеќе од чантите на Бијонсе и Блу Ајви заедно.