Вкусни пица-ролнички

Потребни состојки:

замрзнато листесто тесто
тенко исечени парчиња кулен
кашкавал
оригано
масло
пица-сос за сервирање

Начин на подготовка:

Подгответе го листестото тесто и со нож исечете го на правоаголници. На средината на секој правоаголник наредете неколку парчиња кулен, така што малку ќе се преклопат, а врз нив ставете кашкавал. Врз сето тоа наросете оригано. Натопете ги краевите од тестото со малку вода и преклопете ги двата краја што се најблиску до кашкавалот. Потоа натопете го и крајот што е свртен кон вас и вртете кон другиот крај. Кога ќе ја замотате ролничката, натопете го и другиот крај бидејќи водата на листестото тесто има ефект на лепило, па ќе стои цврсто замотано. Загрејте масло и пржете ги ролничките по неколку минути. Ставајте ги на хартија за да се исцеди вишокот масло.

Послужете ги со пица-сос или кечап.

Scroll to Top