Потребни состојки:
400 гр маргарин
10 лажици вода
400 гр шеќер во прав
400 гр мелени лешници
400 гр бисквити
4 реда чоколадо
Начин на подготовка:
Сите состојки, освен чоколадото, измешајте ги и смесата поделете ја во два дела. Двата дела ставете ги во фрижидер. Извадете ги смесите и во едната додајте растопено чоколадо. На плех ставете ја првин смесата со чоколадо. Врз неа ставете ја смесата без чоколадо и по желба ставете глазура од чоколадо. Оставете во фрижидер да се излади.