Вкусна витаминска салата, одлична за деновите со пости.
Потребни состојки:
2 моркови
2 портокали
1 круша
Неколку листови свежо или сушено нане
Излупените моркови исечкајте ги на тенки ленти или изрендајте ги на крупно, портокалите на резанки и заедно со ливчињата нане убаво измешајте ги во длабок сад.
За подготовка на преливот потребни ви се следниве состојки:
1 лажичка мед
3 лажички маслиново масло
2 лажички сусам
сол и бибер
Сусамот пропржете го сосем малку. Потоа, сите состојки потребни за сосот измешајте ги и прелијте ја веќе приготвената салата.