Витаминска салата од морков и портокал

Вкусна витаминска салата, одлична за деновите со пости.

Потребни состојки:

2 моркови
2 портокали
1 круша
Неколку листови свежо или сушено нане

Излупените моркови исечкајте ги на тенки ленти или изрендајте ги на крупно, портокалите на резанки и заедно со ливчињата нане убаво измешајте ги во длабок сад.

За подготовка на преливот потребни ви се следниве состојки:

1 лажичка мед
3 лажички маслиново масло
2 лажички сусам
сол и бибер

Сусамот пропржете го сосем малку. Потоа, сите состојки потребни за сосот измешајте ги и прелијте ја веќе приготвената салата.

Scroll to Top