Директорот на Гранд, Жика Јакшиќ едвај спасил жива глава. Тој бил итно опериран поради компликации со слепото црево и поминал 20 дена во болница.
По операцијата му се појавила и постоперативна кила, па морал уште еднаш да оди под нож.
Тој поминал денови во болница, морал да ги смени животните навики.
Вели за среќа се завршило добро. Имал големи компликации и за малку ќе умрел на операционата маса, па сега може само да му се заблагодари на Бога.