Кајли Џенер доби подарок ферари од своето момче тешко 1,4 милиони долари

Кајли Џенер се пофали со моќно „ферари“, кое и го подарил нејзиното момче.За прв пат откако се породи на 1 февруари, Кајли Џенер во јавноста се појави заедно со својот дечко Тревис Скот, а ова беше можност да нејзината полусестра Ким Кардашијан се пофали со црното ферари, кое и го подарил Скот.

Овој модел се нарекува „La Ferrari“, и направени се само 500 парчиња од овој модел (производството е откажано минатата година), а цената е вистинска ситница, околу 1,4 милиони долари!

Да биде уште поинтересно, Кајли има уште две „ферари“, бело 458 со специјални „Forgiato“, тркала кој го добила од поранешното момче, Тиге за 18 роденден. Но, на неа не и се допаднала бојата, па автомобилот после само две недели го префарбала во сива боја.

Исто така таа поседува и модел „Spider“, ист каков што има нејзината родена сестра Кендал.

mmmmmm hello @forgiato

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

 

Scroll to Top