Сонцето старее и како и повеќето луѓе во средни години, почнува да слабее, поради што не ја привлекува Земјата како порано.
Како што масата Сонце опаѓа, поради отфрлањето на надворешните слоеви, со него опаѓа и гравитацијата која ги привлекува планетите, а меѓу останатите и Земјата.
Во новиот текст објавен во списанието „Nature Communications“, научниците ја пресметале брзината со која Земјата се оддалечува од Сонцето, и за цела среќа, таа е прилично мала.
Водачот на студијата Антонио Џенова, изјави дека Земјината орбита се поместува секоја година. Нашата планета е оддалечена 150 милиони километри од Сонцето, додава тој.
Џенова наведува дека Сонцето ја губи масата расфрлајќи честици во облик на соларен ветер. Како резултат на тоа, орбитите од планетите се поместуваат.
Сонцето „умира“ и се заканува дека ќе стане црвена џиновска топка, која ќе ги проголта планетите, оставајќу ја нашата планета да гори. Земјата ќе биде 241 милион километри подалеку од Сонцето.
„Што планетата повеќе се оддалечува од Сонцето, побрзо ќе се оддалечува. Сатурн, које е десет пати подалеку од Сонцето во однос на Земјата,с е поместува за 14 сантиметри годишно“, додава тој.
Џенова и неговиот тим ги користат податоците од НАСА сонцата, мерејќи го влијанието на Сонцето на Меркур.
„Меркур е одличен пример и планетата за тестирање е многу чувствителна на гравитацијата и Сончевата активност“, истакна лидерот на студијата.