Виното ги штити забите од опаѓање

На црвеното вино досега му се препишуваа многу позитивни дејства на здравјето, од зајакнување на работата на срцето до намалување на ризикот од шеќерна болест, а новото истражување сугерира дека содржи материи што можат да помогнат во борбата против пропаѓање на забите и болести на непцето.

Научниците откриле дека состојка во виното, позната како полифенол, помага во борбата против штетните бактерии во усната празнина.

Но, експертите предупредуваат дека тоа не е знак виното да почне да се консумира во поголеми количини.

Поранешни истражувања исто така укажуваа на добрите здравствени ефекти од полифенолот поврзани со тоа дека станува збор за антиоксиданти кои го штитат телото од штетните слободни радикали, а новите истражувања покажаа дека полифенолите можат да го подобрат здравјето, дејствувајќи во соработка со „добрите“ бактерии во дигестивниот систем.

 

Научниците го споредувале дејството на полифенолот од црвеното вино во однос на семките од грозјето и екстрактот од црвено вино, и на бактериите кои се лепат за забите и непцето и предизвикуваат кариес, наслаги на забите,  болести на непцето поради кои забите опаѓаат.

 

Тие забележале дека полифенолот од виното ја намалува способноста на бактериите да се лепат за забите, што спречува пропаѓање на забите.

 

Сепак, научниците предупредуваат дека е потребно да се извршат и понатамошни испитувања бидејќи ова откритие може да води до можност за дентално лекување.

 

Експерти предупредуваат дека преголемата количина црвено вино, меѓу другото, ја оштетува и забната глеѓ.

Scroll to Top